Папас, 59-годишниот поранешен пратеник, беше во бегство речиси девет месеци, исчезнувајќи пред да биде осуден на 13 години затвор поради учество во злосторничко здружување. Уапсен е доцна синоќа во еден стан во приземје во предградие на Атина, заедно со 52-годишна жена која е соочена со обвиненија за помагање на бегалец.
Полицијата го одведе Папас во затвор со максимално обезбедување во централна Грција по краткото појавување пред судот.
[video:https://youtu.be/siZ66OY9a1w autoplay:0]По петгодишното судење, судот пресуди дека партијата Златна зора е злосторничка организација, одговорна за убиството на грчкиот рапер Павлос Фисас во 2013 година, како и за претепување египетски рибари во 2012 и левичарски активисти во 2013.
Пред да избега, Папас беше пуштен од истражен притвор бидејќи истекоа 18 месеци колку што максимално можеше да биде задржан.
Адвокатот на Папас Перикле Ставријанакис им кажа на новинарите дека неговиот клиент бил уапсен при посета на станот и дека не се криел таму, не изнесувајќи повеќе детали.
Златна зора која на почетокот беше мала полутајна неонацистичка група формирана во 1980-тите, а потоа сосема маргинална партија, се крена за време на финансиската криза во Грција од 2010 до 2018 година, освојувајќи пратенички места на четири избори и по сила беше третата најголема грчка политичка партија.
„Грчката демократија се бореше да го исфрли овој отров, отровната Златна зора“, кажа портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони по апсењето на Папас.
Таа кажа дека со апсењето на Папас се гледа крајот на „приказната на злосторничката организација“.






