недела, 19 јули 2026

Унгарскиот претседател потпиша амандман со кој формално е разрешен од функцијата

Унгарскиот претседател Тамаш Шујок потпиша амандман на Уставот на Унгарија со кој неговиот претседателски мандат заврши на полноќ, објави премиерот на земјата Петер Маѓар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според одредбите на унгарскиот Устав, од недела овластувањата на претседателот на државата привремено ќе ги преземе претседателката на Националното собрание Агнеш Форстхофер, која ќе ја извршува функцијата вршител на должноста претседател до изборот на нов шеф на државата.

Уставот предвидува дека Националниот парламент мора да избере нов претседател во рок од 30 дена од престанокот на мандатот на неговиот претходник.

Предвременото завршување на мандатот на Шујок следува откако беше усвоен 17-тиот амандман на Уставот на Унгарија, со кој се изменети уставните одредби што се однесуваат на претседателската функција и постапката за транзиција на власта.

Со овој амандман се предвидува и заминување од функцијата на судиите на Уставниот суд на Унгарија кои наполниле повеќе од 70 години, како и забрана за кандидирање за лицата кои три или повеќе пати биле избрани за мандат во Националниот парламент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ