Во своето соопштение утрово, СЗО даде некои инструкции до земјите-членки во врска со појавата на новиот сој. СЗО вели дека постои голема веројатност за понатамошно ширење низ светот.
Исто така, СЗО предупредува дека во зависност од карактеристиките на оваа варијанта, кои сѐ уште се истражуваат, може да има сериозни последици, пренесе Ројтерс.
„Омикрон има досега невиден број мутации на шилестиот протеин, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата“, соопшти СЗО, додавајќи дека веројатноста за „потенцијално натамошно ширење“ на мутацијата е „високо“ на глобално ниво.
СЗО, исто така, предупреди дека, во зависност од карактеристиките на оваа варијанта, може да се појават дополнителни бранови на инфекција со ковид-19, што може да има сериозни последици.
Тие им порачаа на државите да ги приспособат „меѓународните мерки за патување“, велејќи дека наскоро ќе издадат дополнителни упатства.
Светската здравствена организација предупредува дека „постои загриженост поради можноста омикронот да го избегне стекнатиот имунитет“.
„Со оглед на мутациите што можат да го избегнат стекнатиот имунитет и евентуалното повисоко ниво на преносливост, постои голема веројатност за понатамошно ширење на омикрон на глобално ниво. Во зависност од овие карактеристики, може да се случат идни падови на бранови ковид-19, што може да има сериозни последици. Проценуваме дека севкупниот глобален ризик поврзан со новиот сој на ковид-19 е многу висок“, се додава во соопштението.






