петок, 1 мај 2026

СЗО: Бројот на заразени и починати падна за 10 проценти во светот, но не и во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Според таа светска организација, бројот на нови случаи и починати се намалил за 10 отсто во текот на минатата недела.

Помеѓу 20 и 26 септември, СЗО беше информирана за повеќе од 3,3 милиони случаи и над 55.000 смртни случаи, рече СЗО во својот неделник, во кој ја ажурираше епидемиолошката состојба.

Минатата недела, зачестеноста на нови случаи опадна во источниот Медитеран за 17 проценти, Западниот Пацифик за 15 проценти, Јужна и Северна Америка за 14 проценти, Африка за 12 проценти и Југоисточна Азија за 10 проценти.

СЗО првпат објави значително намалување на случаите во средината на септември, на 4 милиони нови случаи, со пад забележан во сите области на светот, првпат во повеќе од два месеци пад на случаите на ковид-19.

СЗО соопшти дека сите региони пријавиле пад на смртните случаи за повеќе од 15%, освен Европа, каде што бројот на смртни случаи бил сличен како и претходната недела, и Африка, каде што имало пораст од околу 5%.

Во Азија, бројот на смртни случаи се намали за речиси една четвртина. СЗО предупреди дека најверојатно ќе има повеќе скокови на ковид-19 додека на Северната хемисфера настапува зима. Болеста полесно се шири во текот на зимата бидејќи луѓето поминуваат повеќе време во затворени простории. Ограничувањата за социјално дистанцирање исто така се олеснуваат во многу земји што имаат релативно високо ниво на вакцинација.

Според СЗО, од почетокот на пандемијата до 28 септември, во светот се регистрирани вкупно 232.075.351 случај на ковид-19 и 4.752.988 починати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ