Вакво нешто е можно поради статистичката „квака“, поточно бројот на вакцинирани во теорија може да биде поголем од 100 отсто ако во него се вакцинираат луѓе кои не се жители на градот.
Тоа е случајот и со овој град во кој најголемиот дел од популацијата веќе е вакциниран со трета доза вакцина против коронавирусот.
„Изгледа како невозможна статистика, но во Палацо Адријано живеат луѓе кои не се официјално жители на градот, а кај нас доаѓаа и луѓе од околните села да се вакцинираат“, кажа за Гардијан градоначалникот Николо Грана.
Sicilia, Palazzo Adriano e Roccafiorita da record: comuni Pro Vax con il 100% di vaccinati. E il Covid non c’è da tre mesi https://t.co/gMmCoxmmkX via @LaStampa
— Ivo De Propris (@IvoDePropris) November 20, 2021
Салваторе Спата, градски советник за култура вели дека ситуацијата била најлоша во март минатата година, кога еден свештеник од друг град заразил добар дел од жителите на гратчето.
„За среќа, кампањата на вакцинација тогаш веќе почна. На почетокот одеше на препорака, барем еден претставник на секое семејство поминува низ плоштадот секој ден. Ги искористивме тие блиски контакти меѓу роднини и пријатели за да ја промовираме вакцинацијата. Само требаше да ги известиме сите кои ќе ги видевме и да ги потсетиме да се вакцинираат и утредента нивни роднини ќе се појавеа во редот за вакцинирање“, кажа тој.
Селските власти формирале и група на Уатсап преку која граѓаните се информирале за вакцинацијата, демантирале лажни вести и ги уверувале жителите дека вакцините се безбедни, пишува Гардијан.
Бројни села во Италија имаат стапка на вакцинација од речиси 100 отсто. Во Бринзио во Ломбардија речиси 97 отсто од 789 жители се вакцинирани, а во Премана во Леко, сите 2.000 жители се вакцинирани.






