Успехот на овој тест е „од голема стратегиска важност“ затоа што Пјонгјанг се обидува да ги „умножи своите одбранбени способности со илјада“, наведе КЦНА.
Суперсоничните ракети се многу побрзи од конвенционалните балистички или крстосувачки ракети. Исто така, многу потешко се откриваат и се пресретнуваат со системите за противракетна одбрана.
Јужнокорејската армија вчера објави дека Северна Кореја истрелала ракета со краток дострел во морето источно од брегот.
Ракетата била испукана еден час пред севернокорејскиот амбасадор во Обединетите нации Ким Сонг да зборува за „легитимното право“ на Пјонгјанг да тестира оружје наспроти „непријателската политика“ на Вашингтон и Сеул.
Ова е трета ракетна проба на Северна Кореја овој месец. Првата беше тест на крстосувачки проектили со голем дострел, а вториот беше балистичка ракета со краток дострел.
Американската војска соопшти дека проценила дека лансирањето не е закана за Соединетите Држави или за нивните сојузници, но рече дека го нагласува „дестабилизирачкото влијание на недозволените програми за оружје“.






