Изворите на кои се повикува весникот укажале дека постојат примери гасоводи да биле пуштани во работа пред да добијат сертификат, потсетувајќи на проектите НЕЛ и ЕГЛ 401.
Според проценките на германската федерална мрежна агенција БНА, во таква ситуација казната би изнесувала „не повеќе од милион евра“.
„Тоа е прифатлива сума. Инвестициите во изградбата на Северен тек 2 се мерат во десетици милијарди евра“, се наведува во написот на германскиот весник, истакнувајќи дека ваквото сценарио би можело да биде привлечно за операторот на гасоводот имајќи ги предвид високите цени на гасот.
„Благодарение на тоа Газпром ќе заштеди на исплатите за транзитот на гасот преку Украина“, истакнува весникот.
БНА, меѓутоа, смета дека претходните преседани се неспоредливи со рускиот проект.
Сертификацијата на Норд стрим 2 АГ како независен оператор на гасоводот е во тек. Процесот се одвива во две фази: прво германскиот регулатор прави нацрт одлука, а потоа ја проценува Европската комисија. Целиот процес може да трае неколку месеци. Берлин од Москва веќе ја добил целосната документација.
Германската федерална мрежна агенција веќе ѝ издала дозвола на полската компанија ПГНиГ за учество во сертификацијата, а барање за учество во овој процес поднела и компанијата оператор ГТС на Украина (ОГТСУ).
Варшава сака да потврди дали операторот одговара на барањата на Третиот енергетски пакет на ЕУ, на кој подлежат компаниите кои се бават со производство и транспорт на гас.






