среда, 6 мај 2026

Русија лансираше уште една хиперсонична ракета (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Оваа вест доаѓа откако неодамна во американските медиуми беше објавена информација дека Кина летово тестирала хиперсонична ракета, која и самата може да истрела проектил, што е технологија која сè уште ја немаат ниту САД ниту Русија.

Во соопштението на руската војска се наведува дека ракетата Циркон била истрелана од фрегатата Адмирал Горшков кон цел во водите на Белото Море, на Арктикот. Лансирањето е оценето за успешно бидејќи целта, оддалечена повеќе од 400 километри, била погодена. На видеото објавено од Министерството за одбрана се гледа блесок светлина и ракета која лета и зад себе остава трага од чад во ноќта.

Циркон за првпат официјално беше лансиран во октомври 2020 година, што претседателот Владимир Путин го оцени за голем настан. После тоа имаше и други тестови, особено од фрегатата Адмирал Горшков и од нурната подморница. Последно вакво пробно лансирање беше на 18 ноември.

Во време на тензии со западните земји, особено со САД, Русија овие години зареди со објави за развој на ново оружје кое Путин го опишува како непобедливо, како што е Циркон.

Циркон, со максимален домет од околу 1000 километри, треба да биде составен дел од опремата на површинските бродови и подморниците на руската флота. Првите хиперсонични ракети од новата генерација Авангард, кои можат да постигнат брзина од 27 маха и да го менуваат правецот и висината, се воведени во употреба на руската војска во декември 2019 година.

Русија исто така сака да развие оружје што може да се користи во вселената. Така, таа неодамна призна дека уништила стар советски сателит во орбитата, што го налути Западот, кој ја обвини дека ја загрозила Меѓународната вселенска станица (ИСС) предизвикувајќи големо количество отпад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ