понеделник, 20 април 2026

Путин со указ прогласи Ден на таткото, сака да ја истакне улогата на мажот во семејството

Објавено на

часот

Сподели

Шеесет и седумгодишниот Путин кој има две возрасни ќерки, одлучил со указ да одреди Ден на таткото кој ќе се слави секоја трета недела во октомври.

Целта на Денот на таткото е да се зацврсти семејството како институција, а особено улогата на таткото во воспитувањето на децата, објасни Кремљ.

Указот стапи на сила вчера, што значи дека оваа година Денот на таткото ќе се слави на 17 октомври.

Државната новинска агенција РИА Новости ја објави оваа вест со чаша пиво на својот канал Кремлинпул на Телеграм.

Русија веќе има повеќе празници во слава на мажите, како денот на Бранителите на татковината.

Претходникот на Путин на функцијата претседател, Борис Јелцин, го воспостави Денот на мајката со извршен указ во 1998 година и тој се одбележува во последните недели од ноември.

Во Русија Денот на жената 8 март е неработен ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ