среда, 6 мај 2026

Произведувачите: Ако омикрон сојот е отпорен на вакцините, новите ќе бидат спремни за 100 дена

Објавено на

часот

Сподели

Произведувачите на вакцини се уверени дека ќе можат брзо да ги прилагодат своите вакцини ако варијантата под назив омикрон се прошири.

Новиот сој, претходно познат како Б.1.1529, го карактеризираат мутации ки сугерираат дека носи зголемен ризик од повторна инфекција.

Постојат и стравови дека таа варијанта би можела да биде поотпорна на вакцините кои сега се распространети низ светот.

Фајзер и Бајонтек очекуваат дека „ќе можат да развијат и произведат прилагодена вакцина против таа варијанта за околу 100 дена“.

Модерна соопшти дека ја унапредила „сеопфатната стратегија за предвидување нови загрижувачки варијанти“ од почетокот на 2021, вклучувајќи три нивоа на одговор ако имунитетот кој го нуди нивната вакцина ослаби.

Новиот сој беше откриен во Јужна Африка, а бројни земји, вклучувајќи ги Британија, Австралија и САД ги ограничија патувањата од повеќе јужноафрикански земји.

Еден од водечките епидемиолози во Јужна Африка, Салим Абдул Карим, кажа за Скај њуз дека може да се очекува новиот сој на ковид веќе е присутен во европските земји, вклучувајќи ја Британија.

Светската здравствена организација ја означи вчера Б.1.1.529 како „загрижувачка варијанта“, сега веќе официјално позната како омикрон, по буквата од грчката азбука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ