среда, 6 мај 2026

Приштина: Србија не е заинтересирана за правно обврзувачки договор

Објавено на

часот

Сподели

Таа кажа и дека впечатокот е дека Србија не е заинтересирана за постигнување правно обврзувачки договор со Косово.

Таа на заедничката конференција за медиуми додаде дека во тој процес, како што, според неа, кажал американскиот претседател Џо Бајден, заемното признавање е тоа што треба да биде во фокусот.

„Нашиот северен сосед не сака стабилен и мирен Западен Балкан, затоа користи поинаква реторика за да го дестабилизира регионот и затоа верувам дека ЕУ ќе биде јасна во однос на Србија и дека ќе се труди да ја сопре дестабилизирачката реторика. За жал, Србија продолжува да го дестабилизира Косово преку нелегалните структури на северот, а зголемувањето на руското влијание претставува закана да го дестабилизира регионот, бидејќи тоа зголемување на руското влијание никогаш не било добронамерно, туку да се бори против системите засновани на вредности на НАТО и ЕУ. За борбата против овие дестабилизирачки тенденции ни се потребни нашите пријатели и пријателите на Словенија“, кажа Османи.

Таа изрази задоволство од разговорот со „пријателот на Косово“ за случувањата на Косово и во регионот.

„Многу пријателските односи со Словенија датираат уште од 90-тите години, дел од настојувањата за независноста беа водени во Словенија. Словенија ги поддржуваше напорите на Косово за независност, но и во повоената фаза, и преку воените сили и преку политичка и дипломатска поддршка. Заинтересирани сме за продлабочување на оваа соработка од заеднички интерес. Нормално, Косово има јасен пат и тоа е патот на евроатлантските интеграции. Ние не гледаме друг пат освен НАТО и ЕУ“, кажа косовската претседателка.

Истакна дека визната либерализација за Косово доцни, што му штети на кредибилитетот на ЕУ и дека тоа треба да се случи што побрзо и без колебање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ