среда, 6 мај 2026

Претседателот на Чешка во стаклена кутија (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Земан, кој со недели беше во болница поради болест што нема никаква врска со ковид, минатата недела бил тестиран за коронавирус и резултатот излегол позитивен.

Земан моментално престојува во Претседателскиот дом во Ланија, западно од главниот град Прага, каде што се одржа церемонијата на потпишување.

Фијала, како и сите присутни, носеше маска, додека Земан седеше во стаклена кутија направена специјално за таа пригода.

Новиот премиер Фијала е претседател на десноцентристичката партија ОДС. Тој ја предводи коалицијата од пет политички партии, кои победија на парламентарните избори минатиот месец. Набргу по објавувањето на резултатите, потпишан е меморандум за формирање влада, кој го смени популистичкиот премиер Андреј Бабиш, јавува Си-ен-ен.

Изборите беа катастрофа за политичката левица, а Комунистичката партија на Бохемија и Моравија, директен наследник на тоталитарната Комунистичка партија на Чехословачка, излезе од парламентот за прв пат по 76 години.

Земан набргу по изборите заврши во болница и таму помина повеќе од шест недели. Медиумите пишуваа дека тој завршил на интензивна нега поради проблеми со црниот дроб и други посериозни здравствени проблеми. Тој беше пуштен од болница во саботата бидејќи немал никакви симптоми на коронавирусот, но условот бил да остане во карантин. Земан (77) три пати бил вакциниран против коронавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ