Низ Велика Британија возачите речиси седум дена панично купуваат гориво, предизвикувајќи многу пумпи во големите градови да се испразнат.
Нафтените компании предупредуваат дека немаат доволно возачи на камиони за испорака на бензин и дизел.
Џонсон се обиде да ја ублажи нервозата на јавноста и рече дека снабдувањето се нормализира. Во исто време, тој апелираше да не се купува гориво панично.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=sL8_sJK9Up0 autoplay:0] [video:https://www.youtube.com/watch?v=Dn4RsK1baNE autoplay:0]Во многу региони, стотици пумпи за полнење гориво се затворени, а возачите чекаат во редови за да ги наполнат резервоарите на своите возила.
Поради оваа ситуација, имаше повици докторите, медицинскиот персонал и другите работници на клучните работни места да бидат приоритет при полнењето гориво за да можат болниците и институциите за нега да продолжат да работат нормално. Џонсон одби.
Владата стави во состојба на готовност 150 воени возачи на камиони цистерни, а медиумите јавуваат дека тие би можеле да бидат ангажирани во наредните денови.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=VuZwS73JaJ4 autoplay:0]





