Хрватскиот автомото сојуз ХАК предупредува дека патишта низ Далмација се полни со вода, а некои поради непроодност се затворени.
„Некаде има магла, можни се одрони, а особено на Јадранската магистрала и планинските патишта. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема“, соопшти ХАК.
Поради вода на коловозите затворени се локалните патишта во областа на Вргорац. Според прогнозата на метеоролозите, во Хрватска се предвидува и снег во попладневните и вечерните часови.






