Коен гостувајќи на телевизијата Ен-би-си, рече дека Трамп само го мами американскиот народ и своите поддржувачи да му праќаат пари.
„Трамп вика: ‘Размислувам за тоа’. Тоа е само измама. Навистина е неверојатно што луѓето не гледаат што прави“, вели Коен.
„Ова би требало да стане документарец и треба да се нарече најголемото зло во историјата на САД“, рече тој, додавајќи дека „големата лага“ на Трамп може да ја искомплицира претседателската кампања.
Трамп ги загуби изборите во 2020 година и без никакви докази тврдеше пред своите сојузници дека распространета измама му помогнала на Џо Бајден да победи.
Коен тврди дека на Трамп, ако навистина се кандидира и повторно изгуби, ќе му биде тешко да инсистира дека имало измама. Не може двапати да тврди дека бил ограбен, додаде Коен.
Поранешниот адвокат на Трамп вели дека Трамп ќе продолжи со сугестиите и тоа до последната секунда, но дека кандидатура нема да се случи.
Коен, кој некогаш беше дел од тесниот круг на поранешниот претседател, беше осуден на три години затвор во декември 2018 година, откако се изјасни за виновен за финансиски криминал и дека лажел пред Конгресот за проект со недвижнини во Москва.






