сабота, 18 април 2026

Планот на Орбан во 7 точки кој нема да ѝ се допадне на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Од Будимпешта повторно стигнуваат остри обвинувања на сметка на Европската Унија и решително противење на создавањето „европско царство“. Покрај тоа, се бара и Србија да стане членка на Европската Унија, пренесува загрепски Вечерњи лист кој ги објави седумте унгарски предлози.

–        Во Брисел градат таква супердржава за која никој не дал овластување. Ние му велиме „не“ на европското царство.

–        Интеграцијата е средство, а не цел сама по себе. Од Основните договори на ЕУ треба да се избрише поставувањето на целта „сè потесно поврзани унии меѓу народите на Европа“.

–        Одлуките нека ги носат избраните лидери, а не меѓународните невладини организации! Велиме „не“ на мешањето од страна во владеењето на правото.

–        Силата на европските интеграции ја даваат заедничките економски успеси. Ако заедно не можеме да бидеме поуспешни отколку поединечно, тогаш тоа е крај на Европската Унија.

–        Следната деценија ќе биде период на опасни предизвици – нè загрозуваат масовни миграции и пандемии. Мораме да ги заштитиме луѓето во Европа.

–        Мораме да ја вратиме европската демократија. Европскиот парламент се покажа како ќорсокак – ги застапува исклучиво сопствените идеолошки и институционални интереси. Потребно е да се зголемат улогите на националните парламенти.

–        Србија треба да се прими во членството на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ