До лизгање на земјата во градот Атами дојде откако регионот го погоди силен дожд.
Полицијата и пожарникарите трагаат по исчезнатите, пренесува Си-ен-ен.
[video:https://youtu.be/OuOxKA_agMc autoplay:0]На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како река кал ги носи куќите и како луѓето бегаат во паника од природната катастрофа.
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга го повика тимот за вонредни ситуации кој ќе се справи со кризата, пренесе државната телевизија НХК, објавувајќи снимки од поплавата која уништувала сè пред себе.
[video:https://youtu.be/2lJ53uE6n2Y autoplay:0]Врнежите кои го поплавиле градот го надминале просечното ниво за јули за префектурата Шизоука, каде се наоѓа Атами, и соседната Канагава, пренесува НХК.






