Како што е наведено на сајтот на СМО, температурата е измерена на 6 февруари 2020 година.
Пред конечното потврдување на секој нов рекорд во температурата, СМО секогаш врши проверка на прецизноста на мерните уреди.
Претходниот рекорд изнесуваше 17,5 Целзиусови степени и беше измерен во 2015 година.
Директорот на СМО Петер Талас изјави дека Антарктичкиот Полуостров е еден од регионите кои бележат најголемо загревање на планетата – речиси три Целзиусови степени во последните 50 години.






