„Како што изјави рускиот министер за одбрана (Сергеј Шојгу), десетици авиони летаат во близина на руската граница и вежбаат бомбардирање. Кажано е дека вежбаат изведување нуклеарен напад врз Русија. Исто така, се градат патишта на соседните територии, а војската е многу свесна за тоа во момент кога се одржуваат масовни воени вежби со префрлање дополнителни трупи кои бројат десетици илјади луѓе на нашата граница“, изјави Лукашенко.
Тој додаде дека не се прави ова „залудно“ и дека постои некоја намера зад тоа, пренесе белоруската агенција Белта.
Белорускиот министер за одбрана Виктор Крењин исто така го обвини воениот пакт НАТО за изградба на офанзивни капацитети во близина на границата на неговата земја.
Литванија вчера соопшти дека НАТО треба да го процени својот став кон Белорусија, чија војска, како што тврди официјален Вилнус, станува сè поинтегрирана со руските оружени сили.






