петок, 1 мај 2026

Косовски пратеник: Вучиќ победи

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека „(српскиот претседател Александар) Вучиќ извојува голема победа над косовската влада“, пренесува Телеграфи.

„Овој договор веќе ја внесе Србија на територијата на Косово. Ја молиме оваа влада да ја сопре штетата која ја нанесува на Република Косово. Како што гледаме, се надевам дека демократските средства ќе ни бидат доволни нам како опозиција за тоа да го сопреме, но очигледно не“, кажа Тахири.

Тахири додаде дека никој не бил консултиран за одлуката за реципроцитет, но дека опозицијата и покрај тоа ја поддржала.

„Како опозиција дефинитивно поддржуваме секоја одлука на владата која е против Србија. Пред две недели бевме во друга ситуација, ситуација која ниеден граѓанин не би ја сакал. Договорот во Брисел е исклучително штетен бидејќи ги легализира регистарските таблички за Косово издадени од српската влада“, кажа Тахири.

Тахири истакна дека „Вучиќ ја победи оваа влада, Вучиќ оствари голема победа над нас“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ