Алиу порача дека „границата меѓу Косово и Албанија само прави вештачка поделба меѓу двете земји“.
„Работиме на тоа обединувањето со Албанија да се одвива по природен пат. Сега границите се вештачки и нè раздвојуваат“, кажа тој.
Алиу објасни дека договорот потпишан со Албанија за пругата Приштина-Драч ќе го финансираат двете влади.
„Договорот кој го потпишавме за комплетна изградба на пругата прво ќе биде студија на изводливост која ќе биде заеднички проект. Изводливост точно ќе ја одреди трасата на железничката пруга“, кажа Алиу.
Тој детално го објасни проектот, додавајќи дека очекува да биде модерен и дека ќе им користи и на Косово и на Албанија.
„Она што сега се случува во Албанија е исклучително важно и за Косово. Значи, тука почнува проект за развој на пристаништето во Драч кој ќе се трансформира во товарен проект. Ќе биде тоа модерно пристаниште со железничка линија за европските коридори. Сегашната железничка пруга која го поврзува Драч со Тирана и Скадар ќе има прилика да стане нова пруга од доланата на Дрим до Морина каде стигнува до Косово. Ова ќе биде важно бидејќи Драч преку Приштина отвора пат кон европските патишта“, порача Алиу.






