недела, 19 април 2026

Јанша: ЕУ да му дозволи на Орбан да зборува за иднината на блокот

Објавено на

часот

Сподели

Коментарите на Јанша се уште еден знак на јакнење на сојузот меѓу националистичките лидери на Словенија, Унгарија и Полска, кои ги загрижуваат полибералните членки на ЕУ, оценува Ројтерс.

Орбан на самитот на ЕУ минатата недела се соочи со критики околу унгарскиот закон кој на училиштата им забранува да користат материјал за кој се смета дека промовира хомосексуалност, а францускиот премиер Емануел Макрон зборуваше за „фундаментална поделба на исток и запад“.

Јанша и премиерот на Полска беа единствените лидери на ЕУ кои на самитот го поддржаа Орбан околу ЛГБТ законот, според дипломатски извори. И Јанша, како Орбан, се судира со Брисел околу слободата на медиумите.

„Мислам дека има право да објасни како ја замислува иднината на Европската Унија“, кажа Јанша, чија земја на 1 јули го презема ротирачкото претседателство на ЕУ.

„Ако дебатата за иднината на ЕУ однапред исклучува луѓе, мислам дека ЕУ ќе продолжи да се намалува“, им кажа Јанша на новинарите во Брдо кај Крањ. Тоа, пишува Ројтерс, е индиректна алузија на заминувањето на Британија од блокот минатата година.

Јанша кажа дека мора да се почитуваат разликите меѓу државите на ЕУ кои поттикнуваат од нивните различни традиции и култури.

„Затоа, ако за лицето оценувате врз основа на замислените европски вредности кои секој ги доживува поинаку, и користите двојни стандарди, мислам дека тоа е најбрзиот пат до колапс“, кажа Јанша.

Словенечкиот премиер ја поддржа и Полска во спорот со Европската комисија околу реформата на правосудството која, како што смета Брисел, ја поткопува независноста на полските судии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ