петок, 1 мај 2026

Европол заплени 2,6 тони кокаин, уапсени се 61 лице во осум држави на два континенти (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека „акциите се спроведени во рамки на оперативна работна група и во нив учествувале полициите на Србија, Шпанија, Германија, Словенија, Колумбија, Босна и Херцеговина, Хрватска, како и американската Агенција за борба против дрогите (ДЕА)“.

[video:https://youtu.be/pGnmZ0ZWjhs autoplay:0]

Српската полиција наведе дека во овие акции се запленети и околу 612.000 евра, 324 килограми марихуана, како и луксузни автомобили и мотоцикли“.

„Во опсежната акција, по успешната соработка на откривање на изворите и идентификацијата на членовите на припадниците на организираната криминална група, во јули 2020 година во Карипското Море е пресретнат обид за шверцување 1.350 килограми кокаин наменет за европскиот пазар, кој е запленет, а чија набавка и шверцување ги спровела наведената организирана криминална група“, се наведува во соопштението.

Како што се додава „полицијата ја забрзала истрага во март годинава кога шефовите на картелот допатувале во Шпанија за да го подготват пристигнувањето на нови големи количества кокаин, кои во организација на оваа група бил транспортиран од Јужна Америка во Шпанија, за на 10 март припадници на шпанската полиција да запленат 1.250 килограми кокаин и да уапсат 13 лица во неколку шпански града“.

Меѓу уапсените членови на криминалната група биле и црногорски државјанин со престој во Нови Сад, неколку српски државјани, и еден Србин кој живее во Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ