петок, 1 мај 2026

Брнабиќ: Вучиќ не спие со денови, доби грип, под страшен стрес е поради Косово

Објавено на

часот

Сподели

„Тој не мирува, можам да го кажам тоа. Би сакала малку повеќе да одмора. Тој е под страшна тензија, се разбира, поради сè што се случува на Косово и Метохија, мислам дека навистина со ноќи не спиел. Покрај сето тоа фати и некој грип. Имунолошкиот систем му ослабна, се разбира, од напорите и од стресот“, рече Брнабиќ за ТВ Хепи.

Советничката за медиуми на претседателот на Србија Сузана Васиљевиќ во вторникот за телевизијата Јуроњуз изјави дека Вучиќ по совет на лекарите ги откажал закажаните состаноци со амбасадорите на Русија и Кина.

Откажан е и најавениот говор на Вучиќ на дводневната конференција „Западен Балкан, еден регион, еден пазар – чекор кон заедничкиот пазар на ЕУ“, која започнува денес во Нови Сад.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Србија, како дел од турнејата на Западен Балкан, и, според најавата, требало да ја пречека претседателот Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ