среда, 6 мај 2026

Бизарен инцидент во Австралија: жена запалила хотел за да избега од карантин (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

31-годишната жена подметнала пожар во својата хотелска соба и така предизвикала евакуација на целиот хотел. Така и таа излегла од карантинот во кој не сакала да биде. Сепак, полицијата набрзо открила дека пожарот е подметнат.

Кога било утврдено од која соба почнал огнот да се шири, таа била уапсена и е осомничена за подметнување на пожарот во која, за среќа, никој не е повреден.

Подоцна било откриено дека во хотелската соба престојувала со две малолетни деца.

Пожарот уништил две соби на хотелот, а останатите пациенти кои биле во изолација кажале дека се гневни поради ваквиот потег.

„Бев во тоалетот кога се случи. Претходно имаше неколку лажни тревоги, па не обратив внимание веднаш. Во еден момент бевме во собата, во друг викавме дека мора да се евакуираме, а јас требаше да излезам од карантинот следниот ден. Сега не знам што ќе се случи“, раскажала друга пациентка во карантинот.

[video:https://youtu.be/DZhH-WfvNU0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ