среда, 6 мај 2026

Австријците на нозе против мерките, полицијата ги апси (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во Грац на улиците излегоа околу 30.000 луѓе, а во Клагенфурт околу 5.000 и во Санкт Пелтен околу 3.000 демонстранти.

Полицијата во Грац истакна дека демонстрациите биле мирни, дека најпрво се собрале околу 5.000 луѓе а дека во текот на маршот имало повеќе од 30.000 демонстранти против ковид-мерките.

Врз основа на оваа бројка, тоа е најголемиот протест во Грац од 1945 година.

Во Клагенфурт на протестот бил и регионалниот шеф на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) Ервин Ангерер, кој истакна дека не планира да го придобие собирот за својата партија, туку дека сака да пружи отпор.

Полицијата соопшти дека ни во Клагенфурт немало инциденти и насилство, туку само неколку пријави поради кршење на мерките.

Во Санкт Пелтен собирот го иницираше ФПО под мотото „За слободата“. Полицијата соопшти дека неколку лица се уапсени поради агресивно однесување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ