„Тоа беше многу тешка одлука, но безбедноста на нашите луѓе отсекогаш била наш главен приоритет“, се вели во заедничката изјава на извршниот директор на компанијата Скот Кирби и претседателот Брет Харт.
Поголемиот дел од персоналот на Јунајтед достави доказ за вакцинација до минатиот понеделник, поставен како краен рок за доставување такви потврди од страна на менаџментот на Јунајтед ерлајнс. Останатите вработени – доколку немаат веродостојна медицинска причина за невакцинирање – ќе бидат отпуштени, но тие, како што е наведено од раководството, сепак имаат можност да ги задржат своите работни места доколку достават потребни потврди или потврда за вакцинација во отказниот период.
Меѓу вакцинираните вработени во Јунајтед не влегуваат помалку од три проценти од 67.000 вработени во компанијата кои побарале верско или медицинско ослободување.
Компанијата соопшти дека по воведувањето на задолжителна вакцинација, бројот на оставки на нејзините вработени значително се зголемил, но менаџментот го објасни својот потег со заштитата на безбедноста на своите вработени.
Хил забележува дека Јунајтед ерлајнс досега е единствената голема американска авиокомпанија што прибегнала кон процес на отпуштање заради одбивање да се прими вакцина против ковид-19. Делта ерлајнс планира да воведе месечна обврска од 200 долари за невакцинирани вработени, додека Американ ерлајнс и Саутвест ерлајнс преземаат различни мерки за да ги мотивираат вработените да се вакцинираат.






