понеделник, 15 јуни 2026

Трагедија во Бразил: девојка загина откако ја фрлиле од мост без да ѝ го прикачат безбедносното јаже (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Дваесет и едногодишна девојка загина во Бразил во шокантна несреќа за време на екстремен спорт, откако организаторите ја пуштиле од мост без да го прикачат безбедносното јаже, пренесоа светските медиуми.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Жртвата е Марија Едуарда Родригес де Фреитас, а несреќата се случила кај т.н. „Скелетен мост“ во градот Лимеира, во сојузната држава Сао Паоло. Таа учествувала во скок со јаже, дисциплина слична на банџи-скокањето, кога поради, според истрагата, фатална грешка не била поврзана со безбедносниот систем.

На снимката што се прошири на социјалните мрежи се гледа како девојката е пуштена од мостот, по што присутните во паника сфаќаат дека безбедносното јаже не е прикачено. Таа паднала од височина од околу 40 метри и починала веднаш.

На снимката се гледа како двајца мажи со бели шлемови ја држат 21-годишната Марија Едуарда Родригес де Фреитас за рацете, додека трет ја придржува за нозете.

Во моментот кога ја пуштаат од мостот, од толпата се слуша глас што панично им довикува на инструкторите да ѝ го прикачат безбедносното јаже.

Тројцата мажи носеле појаси што се чини дека биле прикачени на безбедносно јаже.

Родригес де Фреитас била погребана следниот ден.

Бразилската полиција отвори истрага, а според досегашните информации, во врска со случајот се приведени неколку лица. Дел од нив се соочуваат со обвиненија за убиство со евентуална умисла, бидејќи, според обвинителството, биле свесни за сериозниот ризик што го создале со непочитувањето на безбедносните процедури.

Истрагата покажува и дека активноста на локацијата била организирана без соодветен надзор и безбедносни проверки, што дополнително го отвора прашањето за контролата на ваквите екстремни спортови во Бразил.

Полицијата истражува дали мажите може да одговараат за убиство со евентуална умисла – правен поим што означува дека сторителот немал директна намера да убие, но бил свесен за ризикот дека неговите постапки може да доведат до смрт и сепак го прифатил тој ризик, пренесува бразилскиот портал Глобо.

Несреќата предизвика големо внимание во јавноста, особено поради вознемирувачката снимка од трагедијата, која за кратко време стана вирална на интернет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ