среда, 15 април 2026

Разбиен балкански нарко-картел, уапсен лидерот

Еден од водечките членови на таканаречен балкански картел е уапсен денес во Црна Гора како дел од опсежна меѓународна операција во која, со поддршка на Европол, се приведени вкупно дванаесет осомничени. Акцијата била спроведена истовремено во Црна Гора и Германија, каде што се уапсени четири лица. Криминална мрежа е осомничена за шверц на пратки кокаин во повеќе тони во Европската Унија, јавува Европол.

Фото: Европол

Објавено на

часот

Сподели

Истрагата, поддржана од црногорската и германската полиција и властите во Австрија и Шпанија, се фокусирала на криминална ќелија вклучена во меѓународната трговија со кокаин и канабис во голем обем. Се верува дека осомничените имале различни улоги во рамки на криминалната организација, од финансиери до координатори и логистичари задолжени за транспорт.

Судските органи во Црна Гора ги товарат осомничените за вмешаност во трговијата со 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис помеѓу октомври 2024 година и април оваа година. Дрогата е запленета во 12 различни, претходни операции низ неколку земји од ЕУ и Јужна Америка.

Се верува дека мрежата за шверц користела морски и воздушни патишта, транспортирајќи дрога во контејнери за превоз и други тајни методи. Освен кокаин, тие се осомничени за шверц на канабис во ЕУ од Албанија, Тајланд и Соединетите Американски Држави.

Во денешните апсења и претреси во двете земји учествувале околу 100 полицајци. Во текот на целата истрага Европол обезбедил постојана координација, размена на информации и обезбедил аналитичка поддршка, а собраните разузнавачки информации откриле добро скриена мрежа која дејствувала на неколку континенти. Агенцијата, исто така, обезбедила финансиска поддршка за купување специјална опрема и други оперативни потреби.

Во операцијата учествувале следните агенции: Австриската федерална служба за криминална полиција (Бундескриминаламт), Германската федерална канцеларија за криминална полиција (Бундескриминаламт) и Покраинската канцеларија за криминална полиција Хесен (Хесишес ландесктиминаламт), црногорскиот Оддел за борба против дрога при Секторот за борба против криминал при Полициската администрација и Шпанската цивилна гарда (Гардија цивил).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ