Според првичните извештаи на Би-би-си, 27 Палестинци биле убиени, повеќе од 90 биле повредени во последните напади на израелските сили, а во најновото ажурирање на соопштението, кое во меѓувреме го објави палестинската агенција ВАФА, има многу повеќе повредени.
Се наведува дека некои од повредените се во „критична состојба“.
Според очевидци и локални новинари, израелската артилерија и воени авиони гаѓале толпи луѓе собрани во близина на центарот за дистрибуција на помош во близина на кружниот тек Ал-Алам, западно од Рафа. Жртвите се меѓу оние што ја чекаа очајно потребната хуманитарна помош, истакнува ВАФА.
Лекари без граници потврди дека десетици Палестинци се убиени на пунктовите за дистрибуција на помош поддржани од САД и Израел. Организацијата предупреди дека овие неодамнешни инциденти ја истакнуваат нехуманоста и неефикасноста на новиот систем за испорака на помош, кој го опиша како „исклучително опасен“.
Бидејќи залихите од крв беа при крај, медицинските екипи на терен беа принудени сами да донираат крв за да помогнат во лекувањето на ранетите.
Организацијата нагласи дека таквата употреба на хуманитарна помош како оружје може да претставува злосторство против човештвото.