среда, 14 мај 2025

Белата куќа навистина го објави ова: Трамп како папа (ФОТО+ВИДЕО)

Белата куќа сподели објава на американскиот претседател Доналд Трамп, кој објави фотографија генерирана со вештачка интелигенција на која тој е како Папа.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Пред неколку дена на новинарско прашање кој треба да биде новиот папа, Трамп рече дека би сакал самиот да биде папа. Трамп се насмевна и се пошегува кога го слушна прашањето, одговарајќи: „Би сакал да бидам папа. Тоа би бил мојот прв избор“.

Тој продолжи нагласувајќи дека нема фаворит, но посочи дека Тимоти Долан, надбискупот на Њујорк, би можел да биде добар избор. „Не знам. Немам фаворит. Но, морам да кажам дека имаме кардинал од Њујорк кој е многу добар, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави тој.

Конклавата за избор на нов папа и поглавар на 1,4 милијарди членови на Католичката црква ќе започне на 7 мај, бројот на кардиналните електори кои ќе го изберат наследникот на починатиот папа Франциско се намали на 133 откако двајца кардинали изјавија дека не можат да дојдат во Рим поради здравствени проблеми.

Претходните два конклави, одржани во 2005 и 2013 година, траеја само два дена. Бенедикт Шеснаесетти беше избран во четвртиот, а Франциско во петтиот круг од гласањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ