петок, 7 ноември 2025
Речиси двојно повеќе од актуелниот рекорден трансфер

Понуда каква што не е видена до сега, на маса ставени 400 милиони за трансфер на Ламин Јамал

Како што објави Фичајес.нет, Ал Хилал на маса ставил 400 милиони евра за ангажман на Ламин Јамал, но од таборот на Барса брифираа дека нема пристигнато понуда, ниту пак тие сакаат да го продадат напаѓачот.

Објавено на

часот

Сподели

Ламин Јамал често е дел од трансфер шпекулациите, но последните информации говорат за понуда која не е видена до сега.

Како што објави Фичајес.нет, Ал Хилал на маса ставил 400 милиони евра за младата ѕвезда на Барселона.

Една ваква сума ќе значи нов светски рекорд, речиси двојно повеќе од она што ПСЖ го плати за Нејмар (222 милиони евра).

Сепак, од таборот на „каталонците“ брифираа дека нема пристигнато понуда, ниту пак тие сакаат да го продадат Ламин јамал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ