петок, 14 ноември 2025

Ново шоу на Дончиќ, овојпат за победа на Лејкерс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 128-110 над Минесота, словенечкиот кошаркар има брилијантно отворање на новата сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Дончиќ блескаше и на првиот меч кога постигна 43 поени против Голден стејт, но тогаш Лејкерс изгуби. Сега приказната беше поинаква.

Словенецот даде дури 49 поени, имаше и 11 скокови и осум асистенции, а Лејкерс славеше убедлива победа над Минесота од 128-110.

Најдобар во составот на Минесота беше Едвардс со 31 поени, Рендл постигна 26.

Резултати:

Торонто – Милвоки 116-122
Орландо – Атланта 107-111
Бруклин – Кливленд 124-131
Њујорк – Бостон 105-95
Хјустон – Детроит 111-115
Мемфис – Мајами 114-146
Њу Орлеанс – Сан Антонио 116-120
Далас – Вашингтон 107-117
ЛА Лејкерс – Минесота 128-110
Портланд – Голден стејт 139-119
Сакраменто – Јута 105-104
ЛА Клиперс – Феникс 129-102

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ