Баерн Минхен изгледаше моќно на последните три натпревари, шампионот на Германија му даде 5 гола на Баер Леверкузен и по четири на Бенфика и Хофенхајм.
Но вечерва „баварците“ беа понижени како никогаш претходно и го доживеаја најтешкиот пораз во својата историја во Купот на Германија.
Борусија Мехнхенгладбах беше задолжена за испишување на нова историја, домаќините со погодокот на Коне и двата гола на Бенсебаини, имаа 3-0 по дваесетина минути игра.
Баерн наместо да се врати во игра во второто полувреме, за кратко време капитулираше уште два пати, Емболо постигна гол во 51. минута за 4-0, а истиот фудбалер стрелаше прецизно во 57. минута за 5-0.






