петок, 1 мај 2026

Елмас влезе, па Наполи го скрши отпорот на Салернитана (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Наполи долго време се мачеше да го скрши отпорот на Салернитана која играше одлична одбрана и не му дозволуваше на противникот да создава шанси.
 
Во 60. минута Спалети во игра го стави Елиф Елмас, а во следниот напад Наполи даде гол кој го постигна Зиелински.
 
Десет минути подоцна домаќините останаа со играч помалку откако Кастанос доби црвен картон, но Наполи само седум минути играше со фудбалер повеќе бидејќи и Кулибали заработи црвен.
 
Наполи го сочува водството до крај за победа од 1-0 и зачувување на врвот во Серија А.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ