петок, 1 мај 2026

Барселона на Куман ќе му плати 12 милиони евра за отказот

Објавено на

часот

Сподели

Притисокот врз Куман постојано се зголемуваше, поразот од Рајо Ваљекано ја прели чашата, па отказот беше неминовен.

Ова е тешка одлука на Лапорта бидејќи Барселона ќе треба да му плати 12 милиони евра на Куман како обесштетување за отказот.

Тоа е голема сума во период кога Барселона има финансиска криза, но раководството пресметало дека оваа одлука долгорочно ќе биде исплатлива.

Со задржување на Куман, Барселона ќе ризикуваше на губење на пари поради лошите резултати, празниот Камп Ноу, ризикот да не се пласираат во ЛШ…

Наскоро се очекува да биде соопштено кој ќе биде наследникот на Куман, за прв фаворит се посочува Чави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ