По триумфот над Динамо Киев во Лигата на шампиони, Барселона соопшти дека Ансу Фати добил нов договор со трајност до 2027 година и откупна клаузула од милјарда евра.
„Каталонците“ попладнево организираа мала церемонија за да ја официјализираат соработката и младата ѕвезда да одговори на прашања од медиумите.
„Најпрво сакам да му се заблагодарам на претседателот за довербата и тоа што ми овозможи да продолжам во Барселона уште неколку години. Сакам да проодолжам да бележам прогрес тука, и како фудбалер и како личност, па благодарам за довербата“ – рече Ансу Фати.
Запрашан дали имал понуди од други клубови, напаѓачот вели: „Од самиот старт му кажав на Жорж Мендеш (неговиот агент) дека прва опција ми е Барса, тој разбра перфектно и постигнавме договор со Барса. Имав неколку понуди од странство, но секогаш беше јасно дека сакам да продолжам да растам и да бидам успешен тука“.






