петок, 14 ноември 2025
„Сините“ во драматична завршница го добија дербито на „Стемфорд Бриџ“

Естевао со својот деби гол го фрли Ливерпул на колена, Челси слави победа во 96. минута (ВИДЕО)

Дербито помеѓу Челси и Ливерпул на „Стемфорд Бриџ“ заврши со победа на домаќините, младиот Естевао со својот прв гол го фрли шампионот на колена во 96. минута

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул пристигна во Лондон во мала резултатска криза и два порази од Кристал Палас и Галатасарај.

Челси го искористи ова и му нанесе нов пораз и тоа со гол во 96. минута.

Домаќините одлично го отворија натпреварот, Моисес Каиседо испука проектил во 14. минута за предност од 1-0.

Сепак, „црвените“ одговорија во второто полувреме, Александер Исак спушти една топка за Коди Гакпо, кој рутински ја затресе мрежата за 1-1.


Сепак, Челси успеа да стигне до трите бода во 96. минута, младиот Естевао се најде осамен на подалечната статива и го постигна својот деби гол за 2-1 и огромно славје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ