понеделник, 1 јули 2024

Скопската полиција уапси двајца осуденици барани со потерница

Вчера во два засебни случаи скопската полиција уапсила двајца осуденици барани со потерница за издржување казна затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот случај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М. (27) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело измама.

„Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено поправна установа“, информираа од МВР.

Во вториот случај, вчера, полициски службеници од полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Г.С. (30) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело кражба.

„Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено поправна установа“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ