сабота, 20 јули 2024
МВР билтен

76 годишна ѕвегорчанка тешко е повредена по пад од трактор управуван од 82 годишна баба

Четворица се тешко повредени во четири засебни сообраќајни незгоди регистрирани во билтенот на МВР во последното деноноќие.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера нешто пред пладне во полициската станица Делчево било пријавено дека во село Ѕвегор, делчевско, од трактор управуван од страна на В.Ц.(82), паднала сопатничката А.Ц.(76).

„Во несреќата сопатничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево“, соопшти МВР.

Во сообраќајка која се случила исто така вчера во 14:20 часот во полициската станица Неготино било пријавено дека на улица Индустриска патничко возило мерцедес со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.М.(32), удрил во М.С.(73). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С. констатирани во болницата во Неготино. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

Во полициската станица Свети Николе вчера во 18:30 часот било пријавено дека на натпатникот од А4 исклучок за Свети Николе мотоцикл јамаха со кумановски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(39) од Куманово, излетал надвор од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе“, информираа од МВР.

А во СВР Тетово вчера во 16:10 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар Благоја Тоска со улица Браќа Миладиновци, В.К.(25) од село Желино, тетовско, кој управувал електричен тротинет, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ