сабота, 9 ноември 2024

Вучиќ за пописот во Црна Гора: Важно е што Србите го зачуваа идентитетот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ го поздрави зголемувањето на бројот на Србите во Црна Гора, наведувајќи дека е важно тоа што го зачувале својот национален идентитет и дека е горд на српскиот народ во Црна Гора.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи ги резултатите на пописот на населението во Црна Гора, Вучиќ за РТС кажа дека бројот на Срби во таа земја, во однос на претходниот попис од 2011 година, е зголемен од 28,56 на 32,93 отсто и додаде дека власта во Белград ќе продолжи да им помага.

„Ќе работиме со нив на најнормален начин, на никој начин нема да вршиме притисок за какви било политички прашања кој тие од нас го очекуваат. Нашата работа е нашата земја да оди напред, што посилна Србија, толку у српскиот народ во регионот ќе биде посилен, тоа е од клучно значење“, кажа Вучиќ.

Тој кажа и дека Србија има добри односи со Црна Гора и дека „ништо лошо не ѝ направила“.

„Тоа се наши партнери, ќе продолжиме да соработуваме, колку поблиску – толку подобро“, додаде српскиот лидер.

Кажа и дека српскиот е „доминантен јазик“ во Црна Гора и дека „се смеел“ кога во црногорските медиуми „од кои одреден дел се секако антисрпски“, видел изјава на еден политичар дека српскиот треба да биде официјален јазик.

„Тој е нападнат и од медиумите и од сите други како да кажал дека свахили треба да биде официјален јазик, а не српскиот на кој зборуваат најголемиот број граѓани на Црна Гора. Но таквата кампања против Србија и српскиот народ се води веќе 30 години во целиот регион, да си демократ и од граѓанска ориентација и да можеш да бидеш успешен само ако си анти-Србин“, оцени Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ