сабота, 9 ноември 2024

Големо откритие во Амазонија: археолози нашле заборавен португалски град (ВИДЕО)

Археолози откриле напуштен колонијален град од 18 век скриен во длабочините на амазонската прашума во Бразил. Едуардо Невес, директорот на Музејот по археологија и етнографија на Универзитетот Сао Паоло, кој го предводел истражувачкиот тим, изјави дека оваа португалска населба била забележана на стари мапи, но дека неговата точна локација досега не била позната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Градот беше препуштен на заборавот, обраснат во прашумата, а многу камени блокови се отстранети. Сепак, успеавме да го идентификуваме уличниот план, што беше значајно откритие“, кажа Невес.

Колонизацијата на Бразил почнала во 1500 година, кога Португалците воспоставиле колонијална власт и ги експлоатирале природните богатства на земјата, вклучувајќи ги шеќерот, кафето и златото. Бразил стекнал независност на почетокот на 19 век, под водство на првиот цар Педро Први, со што завршило тривековното португалско колонијално владеење.

Ова откритие е дел од поширокиот истражувачки проект во Амазонија, чија цел е да идентификуваат археолошки наоѓалишта низ Амазон, користејќи комбинација од современа технологија и традиционалното знаење на домородните заедници.

Минатата година истражување објавено во магазинот Сајенс документираше откритие на дваесетина дрвени градби од периодот пред Колумбо, скриени под густите крошни на Амазонија. Овие откритија опфаќаат остатоци од градови, утврдени села, церемонијални објекти и други дрвени структури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ