Кинеското запленување на овие сонди, софистицирани акустични системи кои детектираат подводна активност, предизвикала значителна загриженост кај Американците поради обратниот инженеринг.
Кинеската одбранбена индустрија е позната по реплицирањето на американската технологија.
На снимката постирана од Џуџијан Тантијан, профил на социјалните мрежи поврзан со државната кинеска телевизија, се гледа како П-8А на американската морнарица испушта повеќе цилиндрични уреди во морето.
Çin, ABD’nin denizaltı tespiti maksadıyla deniz karakol uçaklarından Güney Çin Denizi’ne bıraktığı sonobuoyları ele geçirdi! pic.twitter.com/VWNeZ2u3XO
— SavunmaSanayiST.com (@SavunmaSanayiST) June 27, 2024
Оваа област кај спорните острови Спратли е во центарот на жесток територијален спор меѓу Кина и Филипините и беше местото на насилниот судир меѓу нивните сили минатата недела.
„По инцидентот кинеската крајбрежна стража веднаш стигна на местото на настанот за да ги преземе и прегледа неидентификуваните електронски предмети“, се наведува.
На снимката се гледаат и ознаките на батериите на електронските уреди, а како произведувач е наведен Ултра електроникс.
Ултра електроникс е одбранбен произведувач со седиште во Британија специјализиран за производство на радари и уреди за електронско војување, вклучувајќи подводни сонди и филтри за електромагнетно попречување.