сабота, 9 ноември 2024

Калин Ивановски по речиси една година се враќа на теренот

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски му се враќа на теренот по долгата пауза поради тешката повреда која ја заработи.

Објавено на

часот

Сподели

Ивановски оваа недела е дел од тенисерите кои ќе настапат на ИТФ фјучрсот во словачкиот град Трнава. Негов ривал во првото коло е 23-годишниот тенисер од Словенија Филип Џеф Планиншек, кој се наоѓа на 821.то место на АТП листата што е негов најдобар ранг во кариерата. Мечот е закажан за утре.

Калин Ивановски немаше настапи оваа година, откако на почетокот на сезоната поради повредата мораше да направи пауза. По неколку месеци мирување, на Ивановски му беше извршена и операција, а потоа следуваше и периодот на рехабилитација по која почна и со тренинзи и откако лекарите дадоа „зелено светло“ македонскиот тенисер оваа недела ќе го има својот прв настап во 2024 година.

Ивановски последните мечеви ги одигра лани во ноември месец на Челинџер турнирите во Јапонија, а најдобриот ранг го имаше кон средината на октомври 2023 година кога беше 305.то место на АТП листата.

Првиот ривал годинава Планиншек во мечот со Ивановски влегува со серија од пет порази, а претходно играше финале на фјучрс турнир во Марибор.

Турнирот во Трнава се игра во сала на тврда подлога и е од рангот М25 со награден фонд од 25.000 долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ