„Фицо наскоро ќе биде во состојба да ја врши својата работа, а учествуваше и во подготовките за самитот на Европската Унија“, додаде Калињак.
Истакна дека, сепак, „не оди сè по планот“, бидејќи словачкиот премиер по атентатот има нарушување на мускулно-коскениот систем, пренесува словачкиот портал Актуалити.
Фицо во следните неколку дена ќе ѝ се обрати на јавноста, но не е познато дали тоа ќе биде лично или преку социјалните мрежи, кажа словачкиот министер за одбрана.
Атентатот на Роберт Фицо беше извршен на 15 мај, а 71-годишниот напаѓач Јурај Цинтула подоцна при испрашувањето кажа дека мотивот било несогласување со политиката на премиерот, како и дека не сакал да го убие, туку само „да му наштети на неговото здравје“.