„Соочени со Националниот собир, дојде време за широк, јасно демократски и републикански сојуз за вториот круг“, рече Макрон во соопштение.
Тој, исто така, истакна дека големата излезност во првиот круг зборува за „важноста на ова гласање за сите наши сонародници и желбата да се разјасни политичката ситуација“, пренесува Франс 24.
Екстремно десничарската партија Национален собир води во првиот круг од парламентарните избори во Франција, со околу 34 отсто поддршка од гласачите, покажуваат излезните анкети на четири агенции за испитување на јавното мислење – Ипсос, Ифоп, ОпинионВеј и Елабе.
Според анкетите, левичарската коалиција Нов народен фронт освоила 29 отсто од гласовите, а центристичката коалиција Заедно, на која припаѓа и партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, од 20,5 отсто до 23 отсто.