Шпанците доминираа уште од самиот почеток, но Грузија прва дојде до водство. Во 18. минута Ле Норманд си постигна автогол за водство од 1-0.
Тој резултат беше актуелен до 39. минута кога Родри постигна гол за израмнување на 1-1. Со тој резултат се замина на полувремето.
По шест минути игра во вториот дел, по асистенција од Јамал, Фабио Руиз постигна гол за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2-1.
Во 31. минута Нико Вилијамс даде убав гол по една соло акција за предност од 3-1. Тука веќе беше јасно кој оди понатаму.
Точка на мечот стави Дани Олмо во 83. минута со убаво пласиран удар за конечни 4-1.
Шпанија во четвртфиналето ќе има мега пресметка против домаќинот Германија. Грузија може да биде задоволна од настапот на Европското првенство бидејќи ги надмина сите очекувања.