четврток, 4 јули 2024

Петмина тешко и тројца полесно повредени во пет сообраќајки за еден ден

Петмина патници завршиле со тешки повреди, а тројца се полесно повредени во пет засебни сообраќајни несреќи регистрирани во последното деноноќие, информираше денеска МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на клучката Стајковци, патничко возило тојота со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

„Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, пишува во денешниот билтен на МВР.

Вчера на утро пак, во СВР Штип било пријавено дека на Кеј Димитар Влахов патничко возило удрило во Р.А.(75), по што возачот избегал од местото на несреќата. Притоа, Р.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил и увид од увидна екипа од СВР Штип.

Вчера вечер 19:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај сeло Мешеишта, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ауди, управувано од И.П.(22) од Струга и патничко возило бмв, управувано од А.П.(34) од село Ливада, струшко, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото ауди, М.П.(49) од Струга, констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото бмв, Ф.Р.(28) од Струга, констатирани во Општата болница Струга и Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

А во СВР Велес вчера околу 11 часот било пријавено дека на делницата од автопат А1, од правец на Градско кон Велес, во близина на наплатна станица Виничани, патничко возило ауди со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(67) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(66) од Куманово, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес“, информираше МВР.

вчера сообраќајна несреќа се случила и на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај селото Трапчин Дол. Во 18:38 часот во ОВР Кичево било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фиат седичи со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(37) од село Козица, кичевско, и четирицкл поларис, управуван од малолетник од село Длабкин Дол, кичевско.

„Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ