вторник, 22 октомври 2024

Струга има обучени спасувачи, ама концесионерите на плажи не ги бараат

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени спасувачи на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, вели Адуриме Даути, секретар на Општинската организација на Црвен крст – Струга, преку која се спроведува ангажирањето на лиценцирани спасувачи на вода.

Фото: И.О.

Објавено на

часот

Сподели

Обуката за спасувачи на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава ја поминале петмина и се стекнале со соодветен сертификат. Но, вели Даути, во моментов на располагање имаат десетина спасители на отвордени води, обучени во претходните години.

Иако до сега немало интерес од концесионерите, очекува во текот на следната недела да имаат побарувања.

„Интерес од концесионерите речиси и да нема. Во моментот само еден концесионер има ангажирано четворица спасители на отворени води. Апелирам концесионерите да ги обезбедат плажите со спасители на вода. Тоа е добро за безбедноста на капачите, но и за туризмот воопшто, изјави Даути за МИА.

Тој нагласи дека е неминовна потребата од спасувачи на вода, а тоа го покажуваат многубројните навремени реакции со кои се избегнати несакани случаи.

Бројот на ангажирани спасувачи на вода на струшките плажи од година во година се намалува. Минатата година имало само седум лица, а во 2022 биле десетмина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ