Товарно моторно возило „МАН“ со тетовски регистерски таблици управувано од Ш.С.(46) од Тетово, изгубил контрола и излетал од коловозот. Телесни повреди добил возачот Ш.С. констатирани во Клиничка болница Тетово. Поради доведување во возна состојба на возилото за краток период сообраќајот бил пренасочуван преку регионален пат, информираат од СВР Тетово.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.